Сека Алексиќ денеска ужива во среќен брак со Вељко Пиљикиќ со кој има два сина, а еднаш изјави дека ја изневерил еден од нејзините партнери.
Сека Алексиќ еднаш проговори за своето минато и откри дека еден од своите поранешни партнери го фатила во прељуба.
– Ме изневери и сама го открив – рекла пејачката и додала:
– Копав, затоа што чувствував дека сум во право. Од него забележав дека нешто се случува и јас сум виновна што не го средив тоа брзо. Го чувствував и претходно и сакав да раскинам со таа личност, но еве чекав да видам црно на бело.
Како што кажала, веднаш ставила точка на таа врска, а потоа во животот и се појавил нејзиниот сопруг Вељко.
фото: printskrin/instgaram/seka_aleksic