Се чини дека знаеме сè за семејството Ражнатовиќ, но сепак ни недостигаа некои детали.
Имено, Анастасија Ражнатовиќ не го крие своето образование, но на многумина им е непознато што студирала ќерката на Цеца.
Анастасија е родена на 25 мај 1998 година во Белград. Таа посетувала британско училиште со својот брат Вељко Ражнатовиќ, но го продолжила образованието на Кипар во 2011 година.

По завршувањето на средното училиште, таа се вратила во Белград, каде што се запишала на бизнис факултет.
-Понекогаш некој ме критикува што не објавувам фотографии од колеџ на социјалните мрежи, туку само облеки или снимки од ноќни забави. Тоа е затоа што кога сум на универзитет сум фокусирана на предавања, а не на телефон – рече еднаш Анастасија, која веќе некое време живее со својот сопруг Немања Гудеља во Севиља.
фото:Instagram printscreen/ raznatovicanastasija






