Радио Милева болка, тага и сочувство...

Естрадата неутешна за загубата: Тагуваат и најблиските соработници со кои ДНК имаа заеднички проекти (ФОТО)

Естрадата неутешна за загубата: Тагуваат и најблиските соработници со кои ДНК имаа заеднички проекти (ФОТО)

Tрагедијата која се случи во Кочани за време на настапот на групата „ДНК“ предизвикана од пожар, поттикна бројни реакции од познатите личности кои ги изразија својата болка, длабока тага и искрено  сочувство преку социјалните мрежи.

Мноштво од познатите естрадни уметници, особено најблиските соработници од македонската естрада на групата ДНК со кои имаа заеднички проекти  се огласија на своите профили по големиот пожар кој избувна во дискотеката „Пулс“ околу три часот по полноќ на 16 – ти Март. 

По невидената трагедија што ја потресе Македонија, апреку социјалните мрежи споредели сочувство, Наум Петревски кој во изведба на Панчо и Андреј од ДНК  ја има последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“.  ДНК и Наум Петревски на Македонија и донесоа своја изведба на патриотскиот фолк евергрин „Послушајте патриоти“ , а подоцна  и синглот „Животе брате“, песна која ја направија во соработка со Наум Петревски и Џамбо Агушев и неговиот оркестар. 

 

Македонската инфлуенсерка и поранешна водителка Миа Костова која се појави во  главна улога во музичкиот спот на ДНК – „Ние“, не може да ја скрие болката…

Неутешна е и Тамара Тодевска  која за песната „Фрази љубовни“ со  ДНК сними спот со љубовна тематика.

Теа Трајковска скршена со црна боја ја замени  профилнита фотографија. ДНК  и  Теа ја снимиа “Амајлија“ .

Младата Мина Блажев која е и во роднинска врска со Панчо, своевремено со познатото македонско дуо „ДНК“ ја сними песната со наслов „Кобра“, се прости од Андреј со зборвите на кои тој ја учел.

Раперот Таско му се заблагодари на Андреј и  напиша дека ќе му фали засекогаш . “Лава“ е насловот на синглот на ДНК и Таско.

 

Поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ пак, се појави во спотот  за песната „Лава“ на ДНК и Таско.

Од соработката помеѓу Антониа Гиговскаи „ ДНК “ се роди   песната „Ванила “ . Пејачката во шок и неверување, сподели…

Во соработката  на Панчо и Андреј со младиот трап-артист Јанг Дади,  од работилницата на ДНК излезе музичкото парче „Ваков – таков“, а траперот со еден поздрав се прости од Андреј.

Познатиот македонски пејач и автор Дарио Панковски или попознат само како Дарио потсети дека во далечната 2013 година баладата „Безобразно лажам“, ја сними заедно со Панчо и Андреј од ДНК.

Дарио сподели емотивната порака со огромна тага и болка, каде како што вели за миг исчезнаа пријателите и колеги од ДНК.

 

 

Фото: printscreen/instagram/FВ

 

To top