Радио Милева различна реакција

Двајца познати кумановци среде Скопје земјотресот ги „здрма“ пред микрофон: Едниот „искулира“, па паниката ја претвори во смешка во стоечки став, другиот рипна од столчето и за малку ќе се… знаете веќе што, од страв“! (ВИДЕО)

Двајца познати кумановци среде Скопје земјотресот ги „здрма“ пред микрофон: Едниот „искулира“, па паниката ја претвори во смешка во стоечки став, другиот рипна од столчето и за малку ќе се… знаете веќе што, од страв“! (ВИДЕО)

Земјотресите не можат да се предвидат ниту превенираат, освен во асеизмичкоата градба на објектите, ама затоа можат да ве распаметат, исплашат, шокираат… Или остават „ладен како мраз“ ако умеете да останете присебни во вакви стресни моменти! Воглавно се’ зависи од едукацијата, аверојатно и од карактерот на личноста.

Овој последниов што ја здрма Македонија со јачина од 4,6 по Рихтеровата скала, не беше пд најсилните, ама беше доволно вознемирувачки за многумина да ги извади од постела, чевли или папучи… Во зависност кој каде бил и што правел таа вечер во 22.05 часот.

Двајца познати кумановци со привремен или стален престој во Скопје, сеедно, среде земјотресот се најдоа во небрано, на своето работно место… Или на една од „тезгите“ во професијата!

Едниот познат актер, другиот пејач… Првиот потресот го задеси среде стендап претстава во МНТ, другиот среде неговиот поткаст на Јутјуб.

Имено, Сашко Коцев додека го водеше своето стрендап шоу „Широк дијафазон“ на сцената на МНТ, салата ја стресе земјотрес!

Во моментот кога се почувствува потресот, дел од присутните во салатата видливо се вознемирe ни  станаа од своите места со намера да го напуштат објектот на театарот, додека друг дел од публиката продолжи да реагира со смеа на шегите, убедени дека ситуацијата е сепак под контрола.

Коцев, призна дека лично не го почувствувал земјотресот, но го искористи моментот, па ситуацијата ја сврте на смеа, успевајќи да одржи мир и позитивна атмосфера кај публиката. До оние кои сепак одлучија да ја напуштат салатата, апелираше да го сторат тоа мирно и без паника. 

Од друга страна пак, Марио Арангеловски земјотресот „го стрефи“ среде неговиот поткаст. И додека неговиот гостин, стилистот Даниел Николовски остана прилично прибран, на  домаќинот за малку ќе му испаднеше шолјата со топлиот напиток од раце.

Преплашен скокна од столчето, велејќи дека му е прв пат… Да почувствува земјотрес! И дека му се врти во главата!

Така што двајцата познати кумановци откако среде Скопје земјотресот ги „здрма“ пред микрофон, различно изреагираа… Едниот „искулира“, па паниката ја претвори во смешка во стоечки став, другиот рипна од столчето и за малку ќе се… знаете веќе што, од страв“!

Поединци на социјалните мрежи заради реакцијата го  „отепаа од зафркавање“, што очигледно многу го погодило, па и самот Марио реагираше, иако шегата на страна, далеку од грев е да се има старв или фобија од било што, особено од земјотрес!

Ова не е прв пат на познатите личности да им се случи зеемјотрес пред микрофон и камери. За потсетување, еве како се понесе Лила Филиповска  пред некоја година, кога при емисија ја стресе уште посилен земјотрес, а таа среде снимање на „Се’ или нешто“, изреагира мошне професионално, смирено и вешто.

Фото и видео: Јутјуб/ТикТок/Инстаграм/skopje1mk & mario_arangelovski

To top