ТВ водителката, нумеролог и домаќинка на кукинарска емисија, Драгица Стевковска – Дракче, периодов се соочува со здравствен предизвик од кој полека полека ја гледа светлината низ тунелот.
Изминатата недела таа повторно легна под нож, а веќе по неколку дена се огласи за тоа дека се чувствува енергично и оптимистично до следното подобро утро.
Драчке преку својот профил на Фејсбук редовно почна да ги поздравува своите фанови и следбеници, а притоа да открива во каква состојба е моментално.

– Полека се враќа енергијатаааа.. Ве сакаааааам народееее… Тука сум за вас.Поздрав од срце, стои во објавата во прилог на фотографијата.
Мегу мноштвото позитивни коментари со добра мисла, сепак Дракче се соочи и со оние од душегрижниците кои се дрзнаа дрско да и напишат дека болеста е нејзина глума, па не остана должна да им порача едно:

-Што да одговорам на недоличниот коментар?
„Колку ви плаќаат за да глумите дека сте болна…“_ испратено од фб профил ЗЕЛЕН ГРАД
Се прашувам дали личноста има човечко во себе..Јас се борам со ужасни болки излезена од операциона сала..
Жално ,мизерно,безчуствително…Бог нека е со мене и добрите луге кои имаат душа како мојата-другите нека ги отстрани од мене.. ( треба да ставиме стоп на коментари кои комплетно нарушуваат и здравје и надеж)- порача Дракче.
За потсетување, Драгица Стефковска Дракче се соочува со болест на коскениот систем која бара подолго лекување и неколку оперативни зафати.

-За жал, во некои се најдов и во една непријатна ситуација, гледајќи ме по болничките ходници, но се случи хаварија на коскениот систем кај мене, што за жал е една болест која што бара подолго лекување. Што значи јас не сум тотално излечена, следуваат уште една, две, можеби три или четири оперативни зафати кои што ќе следуваат. Но јас храбро стојам на нозе. Не паднав во очај, што за мене е голема радост. Пак ќе речам ја имав поддршката од семејството, поддршката од мојот народ, енергијата од Бога и еве ме повторно здрава права, да речам пред оние искушенија кои што ме чекаат и во иднина – кажа своевремено Дракче .







