Македонската мисица, манекенка, модел и сопственичка на ланец цвеќарници и продавници за украсување и декорација – Емилија Розман одново ја шокираше јавноста откако на својот Инстаграм сподели неколку фотографии од болничка постела.
Само колку до вчера, долгоногата убавица беше во Охрид каде уживаше во езерските убавини на македонскиот бисер. Меѓу останатото тогаш сподели како се вози на т.н. суп, за кој се пожали дека платила 25 евра за еден час.
Арно ама она што потоа „го платила“ е секако многу пострашно и поскапо, зашто здравјето не само што е најскапо, туку и нема цена. Дали фотографиите на кои јасно се гледа дека Емилија Розман завршила на некоја клиника укажуваат на (не дај Боже) посериозна патологија или во прашање е (дај Боже), само минлива дијагноза, засега останува непознато!?
Но, барем според анализата на фотографиите иако г-ца Розмантична на нив за среќа изгледа добро, сепак е приклучена на болнички апарати и помагала кои укажуваат дека нешто со нејзиното здравје сепак се случило. Ненадејно или однапред бил закажан терминот за интервенција или лечење да биде тој, останува лекарска тајна и во кругот на семејството.
Сушито иако не е болничка е здрава храна, а и нејзините омилени играчки се исто така тука…
Што значи дека нејзините домашни и блиските пријатели се обидуваат да и направат колку што може престојот на местото кое никој не го посакува, да и биде полесен, поедноставен и повообичаен.
Што и да е во прашање, на Емилија и посакуваме што побрзо закрепнување и враќње во секојдневниот живот и неговата посветла и поубава страна.
Фото: Инстаграм/rozmanticna