Радио Милева назад во игра

Џим Кери се враќа на големото платно: „Искрено, ми требаат пари“

Џим Кери се враќа на големото платно: „Искрено, ми требаат пари“

Џим Кери одлучи да му се врати на актерството, иако неодамна најави дека сака пензија. Во филмот „Sonic The Hedgehog 3“, тој повторно ќе го отелотвори ликот на Д-р Роботник кого го толкуваше и во првите два дела.

„Му се вратив во овој универзум затоа што, пред сè, можам да толкувам генијалец, иако е тоа можеби претенциозно. Второ, купив еден куп работи и ми требаат пари, искрено“, изјави Кери за „AP Entertainment“.

Ова признание на актерот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Видеото за краток временски период беше прегледано повеќе од 100.000 пати на „X“, а под него само се редеа имаше коментарите.

„Веројатно само се шегува. Сигурен сум дека има повеќе од доволно пари“, „Барем е искрен“, „Талентот заслужува плата“, „Ми се допаѓа кога луѓето се директни“, беа дел од коментарите. Меѓутоа едниот коментар беше малку поинаков.

„Ова е тажно. Тој достигна до толку обожувана и недопирлива позиција во човечката психа. Но, тој сè уште е бесрамно врзан за консумеризмот. Лесно е само да се насмееш на тоа, но ова е лицето на скршен човек кој нема вредност.“, напиша еден корисник.

Ликот на Кери е смртен непријател на Соник
Потсетуваме, Кери во серијалот „Sonic“ го глуми Д-р. Роботник, смртниот непријател на Соник. На почетокот, неговата цел била да го убие Соник за да ја открие тајната на неговата моќ, но подоцна тој сепак сака да го фати жив и да го освои светот со помош на неговите моќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sonic the Hedgehog (@sonicmovie)

По вториот филм, кој излезе во 2022 година, Џим ја изненади јавноста со изјавата дека заминува во пензија. Како што истакна тогаш, бил задоволен од достигнувањата во кариерата. Тој исто така рече дека би можел да му се врати на актерството доколку „ангелите му донесат сценарио напишано со златно мастило“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sonic the Hedgehog (@sonicmovie)

Меѓутоа покрај оваа улога, 62-годишниот актер многумина го паметат и како Гринч, крзненото зелено суштество кое го мрази Божиќ.

фото:Instagram printscreen/ sonicmovie
and paramountpics

To top