Две познати дами со различни професии од различни балкански држави. Едната Македонка, позната како најсексапилната фитнес инструкторка – Ана Стојанова, другата Сека Алексиќ од соседна Србија, една од најпопуларните фолк пејачки со години.
Она што им е заедничко дека двете не само што киснат на социјалните мрежи, туку истите обилно ги ползуваат за сопствена промоција. И за лично себе си и на својата работа.

Летото и обете го користат комбинирано. И за работа и за одмор. Ана Стојанова позната по своите фитнес „Летни предизвици“ со својата армија следбенички која ги нарекува „Праскички“, а со кои има работни одмори на најегзотичните светски дестинации.
Сека Алексиќ летото како и останатата естрада, пее по разни локали, клубови, дискотеки, отворени базени, плоштади… Таму, каде што ќе фати тезга или ќе ја поканат!

Но и обете во слободните денови наоѓаат простор за свој одмор, за опуштање, релаксација, уживање… Барем толку колку што се може.
Ана последните денови па и недели се јави од Шпанија и сончевата Валеснија, каде не заборава и да вежба, да плива, добро и здраво се храни, а уште подобро да се забавува на дорите рејв журки на познатите ДЈ-и и нивните музички сетови.
View this post on Instagram
Сека има мноштво настапи во различни градови, меѓу кои и на Јадранското приморје.

Па секоја слободна прилика, по старата добра навика, каде и да е пејачката ја користи за да се опушти ужива покрај вода. Море или базен – сеедно, важно да е максимално опуштено!

Она што им е заедничко на двете познати дами како што рековме се социјалните мрежи… Кои обете овој пат – ги запуштија. Толку многу се опуштија, што заборавија и на телефоните и на повиците и на мејловите и Инстаграм и на пораките… На се’ живо! Па и едната и другата нешто потоа се пофалија и тоа на истиот тој Инстаграм, дека не им е ни грам срам што сето ова го гнорираат, најважно им е што добро уживаат.
View this post on Instagram
И не дека е нешто страшно, само што од сето тоа остана една дилема која нивните следбеници ги тангира: Која кого ископира? Дали Ана Стојанова ја ископирала пејачката или Сека Алексиќ фитнес инструкторката? Која кому се обиде да и го украде Инстаграм шоуто? Или на двете случајно им се поклопила истата финта!?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/seka_aleksic/annstojanova





