Цеца Ражнатовиќ отпатува во Шпанија, поточно во Севилја, кај нејзината ќерка Анастасија и зетот Немања, кои неодамна добија син Илијан.
Откако ги заврши обврските со концертот во Црна Гора, Цеца со првиот лет замина кај семејството каде што престојува веќе неколку дена, а сега ја објави и првата фотографија на која покажа како ужива.

Таа позираше покрај базен во едноделен костим за капење од познатиот моден бренд „Шанел“.

Анастасија меѓу првите реагираше на нејзината слика испраќајќи ѝ емотикони со порака „дека гори“, а пофалните коментари од обожавателите постојано се нижеа.
Цеца неодамна проговори и за својот нов внук, истакнувајќи дека бебето е одлично и дека ја поддржува одлуката на Анастасија бременоста да ја чува како приватна работа сè до самото раѓање.
фото:Instagram printscreen/cecaraznatovic







