Пејачката Алка Вуица стана баба. Нејзиниот син единец Аријан Вуица, кого го доби во врската со Вук Величковиќ, и неговата партнерка Дора Шитум Вуица добија син.
Радосната вест ја потврди снаата Дора со објава на фотографија од породилиштето на својот Инстаграм профил.

Алка претходно изјави дека веста за приновата ја расплакала од среќа и дека со нетрпение ја очекува новата животна улога која носи нова енергија и љубов во семејството.
Таа додаде дека моментот кога за првпат го видела лицето на својот внук бил најемотивниот момент во нејзиниот живот.
фото:Instagram printscreen/alka.vuica






