Пејачката Гоца Тржан отиде на краток одмор со својата ќерка од првиот брак, Лена Маринковиќ, а нивните фотографии во костими за капење предизвикаа бурни реакции кај следбениците на социјалните мрежи.

Гоца Тржан поминува многу време со својата ќерка Лена, бидејќи тие две го достигнаа тој момент во животот кога се најголема поддршка една на друга и најдобри пријатели. Така пејачката отиде на кус одмор оставајќи ги своите обврски, па замина на море заедно со својата наследничка.
Тие позираа заедно покрај брегот во жешко издание што предизвика возбуда кај машката популација. Гоца се фотографираше во црн костим за капење, а линијата ја доведе до совршенство, покривајќи го лицето со очила за сонце, а главата со шапка додека во далечината го гледаше зајдисонцето.
View this post on Instagram
Лена очигледно го наследила своето убаво тело од нејзината мајка. Таа позираше во мрежест беж фустан, а под него носеше исто така црно бикини. Го покрила лицето со очила, а главата со платнен шешир, па многу следбеници не можеа да се одлучат која од двете изгледа подобро и коментираа колку се двете слични.
„Гледај ја мајката, бирај ја ќерката“ – што би рекле некои!
Фото: Инстаграм/lenamariinkovic






