Низ популарното кулинарско ТВ шоу „Брза кујна“ поминале многу гости како асистенти, се презентирале стотици рецепти од страна на шефовите, ама во истото се случувале и мнопштво работи зад камерите. А она што не е за прд камера, не се ни емитува. Можеби не на ТВ, ама на социјалните мрежи по нешето и може.
Така, ако во едно од неодамнешните изданија учесничката Добринка уште од самиот влез во емисијата ги изненади сите кога запеа, а на домаќините им се стори дека ја слушаат Васка Илиева, сега и шеф Боби и шеф Никола решија да се огласат со песна.
И тоа во видео на социјалните мрежи, само што овој пат песната беше всушност дел од еден мал експеримент. Налик на опит за тоа кој има најголем капацитет на плуќа?
Судејќи по нивниот телесен габарит ала Павароти, шефовите покажаа дека и вокалниот потенцијал не им е за потценување. При тоа демонстрирајќи завиден капацитет на белите дробови, зашто да дуваш балон и при тоа сиот плуќен капацитет да го вбризгаш во истиот, а веднаш потоа да запееш со полн интензитет, нималку не е лесно.
Но не и за Боби и Никола, кои со невидена леснотија, како што го говат за 20 минути било кое јадење, за 20 секунди дуваат балон и пејат… „Павле ми пие, Павле ми пие…“ и тоа верно на оригиналот.
Армо ама, кога дојде редот на водителката да ја повтори постапката – штама. Капацитетот на градниот кош на Сања Савеска не го издржа експериментот. Балонто в уста, па водителката дуваше, дуваше, ама никако да го надува, па истиот речиси в уста и се издиши!
А од песната на водителката остана само смеата… Зашто Сања Савеска свесна дека никако не и оди дување балон и пеење песна, експериментот го претвори во бурлеска. Наместо пеење прсна во смеење!
Дали е во прашање недоволно искуство во усната техника на дување или е до капацитетот на градниот кош, сеедно, резултатот беше лош… Ама затоа, покрај тоа што запејаа, барем сите слатко и се изнасмејаа!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/sanja_saveska