Познатиот готвач, шеф Марк де Јонг, секогаш бил отворен јавно да каже се’ она што ќе го прашаат, без заoбиколување, директво и брутално искрено.
Тој неодамна годината ја заврши со едно такво интервју кога беше гостин во поткастот на Давид Давидовски.

Низ разговорот шеф Марк доби едно неочекувано прашање на кое даде уште понеочекуван одговор за тоа дали пробал дрога во животот?
„Да. Сè што има на пазарот го имам пробано. Ама воопшто не ми се допаѓаше“, изјави тој.
Марк без заддршка продолжи дека пробал и хероин, но никогаш не бил консумент, туку само љубопитен.
„Имав пријатели, имав прилика да го пробам и навистина не ме интересираше“, беше искрен Марк додека водителот продолжи да го потпрашува за деталите:
View this post on Instagram
Шеф Маркповторно го доби и очекуваното прашање за тоа што се случи во шоуто „Брза кујна“ по кое стана познат, а веќе не е дел од истото, како и тоа дали шеф Никола имал влијание во неговото напуштање.
Марк како и за се’ останато искрено одговори дека не комуницира во никој од тимот на „Брза кујна“, а нема дури ниту проблем за јавно соочување со шеф Никола Мишковски со кого неколку сезони заедно го снимаа популарното кулинарско шоу на ТВ Сител.

Сега, Марк повторно е активен на телевизија со свое кулинатско шоу „Авантурите на Марк“ кое се прикажува на телевизија Телма.
фото:Facebook/Mark De Jong (Chef Mark)/ You Tube printscreen/ David Davidovski






