Радио Милева верна до болка

Брена се огласи по несреќата на концерт и итната операција: „Ќе ми треба време за опоравување“ (фото)

Брена се огласи по несреќата на концерт и итната операција: „Ќе ми треба време за опоравување“ (фото)

Лепа Брена синоќа на 3-от концерт во Загреб доживеала несреќа, поради што и била изведена итна операција.

Имено, Брена за време на концертот го повредила зглобот, кога врз неа паднал член на тимот, но таа секако го завршила концертот – иако тешко повредена.

Сега по операцијата во загрепската болница се огласи преку Инстаграм каде објави слика од синоќешниот концерт и напиша:

– Драги мои… Животот не потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да се задржиме во срцето и да се сеќаваме на се убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè поминува брзо. Но, во исто време не потсетува дека убавите моменти доаѓаат повторно и повторно.

– За жал, синоќа за време на еден од незаборавните моменти на концертот се случи несреќа на половина од концертот кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се’ ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

– Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас. Ваша Брена – напишала таа.

– До несреќата дошло кога член на техничката екипа случајно паднал од бината во спуштен лифт и се здобил со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекала своето појавување пред публиката и на тој начин се повредила – се вели во официјалното соопштение на организаторите.

фото:Instagram printscreen/lepabrena

To top