Радио Милева честитки

Бремена Едита Арадиновиќ – Пејачката го очекува своето прво дете

Бремена Едита Арадиновиќ –  Пејачката го очекува своето прво дете

Пејачката Едита Арадиновиќ (32) е бремена, објавува Telegraf.rs.

Едита е во рана фаза од бременоста и го очекува своето прво дете со својот емотивен партнер Ненад Стевиќ.

– Таа е бремена 3 месец и се чувствува одлично. Активна е, патува, сè е совршено за неа. И двајцата се пресреќни поради оваа вест – вели извор од Телеграф.

Да потсетиме дека Едита се појави јавно со својот нов партнер за прв пат на 7 ноември 2025 година, на концертот на Емина Јаховиќ во Сава Центарот.

– Како што можете да видите, тој е до мене… Реков – кога ќе вреди да се спомене, ќе зборувам, ќе го покажам! Не го кријам тоа – возбудено рече Едита во таа пригода.

Foto: print screen/Instagram/editaaradinovic

To top