Радио Милева радост голема

Билјана Дебарлиева ја омажи ќерката Ана: Водителката си доби зет, а наскоро ќе стане и баба

Билјана Дебарлиева ја омажи ќерката Ана: Водителката си доби зет, а наскоро ќе стане и баба

Билјана Дебарлиева, една од нашите најдобри презентерки и водителки деновиве имаше ултра специјален ден за неизмерна радост и среќа – венчавката на нејзината ќерка Ана.

Семејството Дебарлиеви и семејтвото на зетот Бошковски се собраа на интимна забава каде младите ставија параф и официјално станаа сопруг и сопруга и ги израдуваа најблиските со одлуката за новата животна етапа.

„Од вчера си добив уште еден син!“ – напиша сопругот на Билјана, Јован кој  на Фејсбук прикачи неколку фотографии од свечениот чин.

Елегантни, одмерни и стилски скадни беа сите за денот на Ана и Стефан, а во фокус секако беше невестата и нараснатото трудничко стомаче кое откри дека бебето е на пат.

Убавото за сите, допрва следи, новини кои ги носи животот и тоа од убави, поубави. Дебарлиеви си добија зет, а наскоро ќе станат баба и дедо.

Инаку, ќерката на Билјана Дебарлиева, Ана, никогаш не сакала јавно да се експонира, а ниту пак имала желба за јавна професија како мајка си. Ана заврши Економски факултет и работи во мркетинг во една фирма каде неколку години гради успешна професионална приказна.

Честитки!

фото:Facebook/ Билјана Дебарлиева

To top