Слоба Радановиќ зборуваше за семејниот живот и времето кое го поминува кога не е на патување, но и за синот Дамјан.
Пејачот за „Премиер викенд специјал“ призна како изгледа во неговите четири ѕида и колку му значи периодот што го минува со малиот Дамјан.
– Навистина се трудам што почесто да бидам дома, избирам утрински летови да дојдат што е можно побрзо. Се грижам да не ми помине неговото детство и сакам да бидам присутeн, сакам се да искусам.
– Во еден момент ги редуцирав настапите за да бидам постојано со него. Сега прооде и е многу интересен – рече Слоба и додаде:
– Тој е добро дете, насмеано. Тој сака и е среќен со сите. Радановиќ не ја криеше среќата поради успехот што го постигна во досегашната кариера.
– Господ ми даде повеќе отколку што очекував. Сè низ што поминувам денес е голем благослов и јас сум неизмерно благодарен. Да ми кажеше некој пред 10 години дека ќе живеам ваков живот, немаше да му верувам. И со една десетина би бил благодарен, а камоли сега. Ми недостига само татко ми за мојата среќа да биде целосна.
Фото: printskrin/instagram/slobaradanovic