Лила од неодамна ја стартуваше новата, 14-та сезона од „Се’ или нешто“, кое речиси деценија и пол е најгледаното гејм- шоу во земјава.
Натпреварувачите со кутиите, камерите во студиото, Лила на позиција и секако мистериознот банкар на кого никој години наназад не успеа ниту да ми го открие идентитетот, ниту пак да му го земе милионот од сефот.
Да биде мстеријата уште поголема, таинствен не е сам тој, туку и таа, но не во толкава мера, затоа што кога тогаш Лила сака и ужива да покаже како е во нејзината лична соба, односно гардероберот и гримиорната каде се подготвува.
Пред неколку години ја реновраше, а сега со стартот на новата сезона на „стори’ од Инстаграм покажа колку пораснало нејзниното богатство од обувки кои ги носи во студио. Сандали вакви или онакви, со потенка или поширока потпетица, пониска или повисока, буквално во сите бои и нијанси.
Ако банкарот го има сефот во кој го чува милионот, Лила си има свое царство во го го чува модното богатство чија проценка ја знае само таа.
фото: Instagram printscreen/lilafilipovska