Фолк поејачката Анета Љумаковска неодамна ја обелодени пред јавноста својата љубовна врска со музичарот Рубин Размоски.
Се’ почна најпрвин со една заедничка фотографија од автомобилот каде се држат за раце, за подоцна и преку медиумите да појасни дека тој е човекот што ја освоил и за понатаму не планира никому да полага сметки.

„Ме освои со тоа што е совршенство од маж“, изјави Анета за Гламур, а серијата медиумски отчет го даде и за уште еден медиум каде кажа дека поради она што го доживува на љубовен план, перцепцијата кон нештата и е поинаква.
-Од кога го запознав мојот партнер, буквално прогледав и го видов светот околу себе. Ја видов и запознав мојата Битола колку била убава и како може да изгледа еден совршен ден поминат во неа со моите најмили, истакна Анета за „Женски магазин“.
Дека лека- полека се опушта во тоа да покажува колку е сакана и добива поддршка од нејзинот сакан Рубин, осамна и нова објава, односно нова епизода од Ането и Рубин од автомобилот повторно фатени за раце.

Овој пат на пат преку граница, поточно во Србија каде Анета имаше гостување на РТС.

А кога работните обврски на пејачката ги споија со релаксација и уживање, тогаш не случајно избраа ресторан во Белград кој го носи името „Рубин“, па таму седнаа во бавчата да уживаат во кафе и закуска.
Анета за се’ ова објави на својот Инстаграм, па освен тоа дека има поддршка од партнерот, откри и дека српскиот пазар не го остава да ја заборави.

За потсетување, Анета се равезде од сега екс- сопругот Џими Мицевски пред две години по две ипол децении брак, додека кларинетистот Рубин Размоски е поранешен член на групата „Молика“.
фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701







