Млада, убава, атрактивна и маркантна, за 24 годишната финалистка од „Ѕвездите на Гранд“, скопјанка Андријана Петрушовска тешко е да се поверува дека е слободна и до неа нема момче. Сепак, дали е вака или така, најдобро знае самата бидејќи приватноста решила да ја чува како змија нозете.
Додека настапуваше во популарното регионално шоу, таа дури и во двете сезони, освен родителите и неколку пријателки, јавно не покажа некој што и го освои срцето.
View this post on Instagram
Гранд продукција, не ја оставија без одговори по ова прашање, а таа доста децидно си го кажа своето.
– Мислам дека се плашат, не знам дали имам таков гард и став. Ако има некој што сака да дојде да се додворува и да каже нешто, супер, но има повеќе луѓе што се плашат – истакна таа.
View this post on Instagram
Петрушовска потоа опиша каков треба да биде мажот за да го освои нејзиното срце.
-Треба да биде алфа мажјак, да има такво однесување. Да нема социјален живот, Инстаграм и ништо од тоа. Секој има различно мислење на оваа тема, но јас не би објавила ништо од мојот приватен живот – изјави Андријана.
Таа на крајот откри дали има некој кој ја освоил, но сепак истакна дека не сака да открива премногу детали за нејзиниот љубовен живот.
View this post on Instagram
– Па, не можам да го кажам тоа сега. Ништо нема да откријам, но сигурно нема да се сликам за социјалните мрежи. Таму сакам да го покажам мојот труд, лично јас, а не ништо друго од мојот приватен живот – заклучила таа за Гранд.
фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska