Македонскиот пејач Данијел Кајмакоски се прости од членовите на групата ДНК кои загинаа во страшниот пожар во Кочани.
– Не се сеќавам на толку тежок и мрачен ден. Душата ме боли за сите загинати во пожарот во Кочани. Не знам како родителите и семејствата се справуваат со оваа страшна трагедија и болка, се молам Господ да им даде сила. Андреј, многу ми е тешко да се збогувам со тебе. Голема душа, секогаш подготвена да помогне. Се врати да ги спаси децата од дискотеката… Неизмерно ќе ни недостигаш – напиша Данијел покрај сликите од жртвите. Изгубивме прекрасни луѓе и колеги. Андреј Ѓеорѓијевски, Сара Пројковска, Горги Горгиев, Филип Стевановски, Александар Коларов.
View this post on Instagram
Членовите на групата ДНК, кои настапуваа таа вечер во дискотеката, ги оставија инструментите по избувнувањето на пожарот и почнаа да се евакуираат.
Тие се враќаа неколку пати за да помогнат во евакуацијата на сите.
Покрај пејачот на ДНК Андреј Ѓорѓиески, настрадаа и музичарите кои настапуваа со нив, а тоа се клавијатуристот Филип Стевановски, бас гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков – Жути, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо“ и и фотографот Александар Ефремов.
фото: printscreen/instgaram