Водителката Александра Пановска Илиевска денес ги израдува следбениците на Инстаграм со емотивна објава по повод петтиот роденден на нејзината ќеркичка Сара.
Имено, кон крајот на јануари пред пет години, Александра и сопругот Александар првпат станаа родители, а сега слават важен семеен јубилеј.

„Од сите улоги низ животот, оваа за мене е најважна – мајка. Ајде секогаш да се среќаваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта. Среќна 5-ка, наша Сара!“, напиша водителката која е секогаш насмеана, а чија порака веднаш предизвика внимание од јавноста.


Нејзината нежна порака ја одрази длабоката мајчинска љубов,но и ги потсети следбениците на убавината на семејните врски. Покрај честитката таа сподели спомен фотографии од првите денови на Сара, од моментите, кога ја држи во раце како бебе, полни со мајчинска среќа и нежност.

Со овие спомени Александра покажа колку ужива во најважната улога во животот, а истовремено со нив ја инспирираше и публиката да се сети на своите посебни моменти.
Foto: print screen/Instagram/aleksandra_panovska_ilievska






