Македонската убавица Александра Накова, никого не остава рамнодушен со својот атрактивен изглед и појава.
Накова редовно објавува фотографии од своите прошетки на разни егзотични дестинации, па и овој пат беше така.
Имено, познатата гевгеличанка отпатува во Дубаи, а пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм го покажа луксузот во кој ужива.

Дефинитивно на плажата изгледа беспрекорно, а во едноделниот костим за капење кој ја следи линијата на нејзиното тело, Накова е со изглед на вистински „авион“ на песочниот брег.

Расната убавица „жари и пали“ со разголеното тело на плажата во Дубаи, а со ова издание каде во прв план ги покажа нејзините долги и тенки нозе, измами воздишки и копнежи.
Потоа, атрактивната гевгеличанка онака распиштолена и опртегната позираше во ултра возбудлива поза на удобните лежалки, со што повторно го привлече вниманието со нејзината сексапилна појава.

Таа во еден момент покажа и што јаде за да изгледа така па ја фотографираше и деликатесната трпеза.

Покрај сето нејзино уживање и вниманието кое го привлекува наоколу додека покажаува во каков луксуз ужива, вам ви останува вие да уживајте во нејзиниот телесен раскош и сексапил и убавина.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram/naleksandraofficial







