Лиза Коши, американска актерка и Јутјуберка, на вечерашната церемонија на доделување на Оскарите дојде со високи потпетици, а потоа се испружи на сред црвениот тепих пред насобраните фотографи.
Лиза Коши меѓу првите пристигна на доделувањето на најпрестижната награда во областа на филмската индустрија, а за оваа гала пригода избра црвен фустан со вртоглаво високи потпетици.
Пред да влезе во познатиот театар “Dalby” таа требаше да позира пред насобраните фотографи, но наместо позата која несомнено ја вежбала, заврши на подот!
Имено, Лиза се сопна и падна пред сите, а нејзината реакција ги воодушеви нејзините фанови. Коси веднаш почна да се смее и се претвори во шега, без разлика што обожавателите ширум светот го гледаат нејзиното паѓање, а како изгледаше ова погледнете во видеото во продолжение.
Oh man, poor Liza Koshy just took a tumble on the #Oscars red carpet. Hope she’s ok!
(🎥: AP) pic.twitter.com/1j9bXNNBnZ
— Katcy Stephan (@katcystephan) March 10, 2024
Фото: printskrin/instgaram/lizakoshy/Х