Радио Милева крај

Актерката Џесика Алба се разведе по две децении брак, а ќе треба да исплати и 3 милиони

Актерката Џесика Алба се разведе по две децении брак, а ќе треба да исплати и 3 милиони

Џесика Алба и Кеш Ворен официјално се разведоа, две години откако објавија дека се разделуваат.

Според судските документи поднесени во петокот, поранешните сопружници постигнале договор за поделба на имотот и старателство над децата, објавува „Пејџ Сикс“.

Во документите се наведува дека поранешниот пар се откажал од правото на меѓусебни исплати на алиментација. Сепак, Ворен ќе добие исплата од 3 милиони долари од Алба за изедначување на поделбата на имотот. Актерката ќе ја плати наведената сума на две рати од по 1,5 милиони долари – првата веднаш, а втората во рок од една година.

Алба (44) и Ворен (47), кои имаат три деца – ќерките Онор Мари (17) и Хејвен Гарнер (14) и синот Хејс Алба (8), раскинаа во 2024 година. Во јануари минатата година, актерката поднесе барање за развод по 16 години брак и вкупно 20 години заеднички живот.

Двојката се запознала во 2004 година на снимањето на „Фантастична четворка“, каде што Кеш работел како асистент во продукцијата. Нивната љубовна приказна започнала кратко по запознавањето, а тие се венчале во 2008 година на интимна церемонија во Лос Анџелес.

Во интервјуата, тие често зборуваа за тоа како се поддржуваат еден со друг во деловните потфати и дека основата на нивниот брак е „меѓусебно почитување и комуникација“. Актерката, исто така, истакна дека заедничките предизвици, како што се родителството и кариерата, дополнително ја зајакнале нивната врска.

фото:You tube printscreen/ E! News/ Instagram printscreen/

To top