Радио Милева доминантна

Аделина Tахири во секси издание кое го одзема здивот: Раскошното слободно деколте го фиксира погледот директно таму

Аделина Tахири во секси издание кое го одзема здивот: Раскошното слободно деколте го фиксира погледот директно таму

Атрактивната албанска пејачка со скопска адреса на живеење, Аделина Тахири важи една од оние која живее раскошен живот.

Луксузот во секој сегмент и е лесно достапен, па речиси се’ што ќе посака и е на дофат на рака.

Од скапа брендирана гардероба, обувки, парфеми, козмекитика, накит, разни аксесоари, до луксузни автомобили и патувања на најегзотичните светски дестинации.

Нејзиниот Инстаграм профил е прозорецот каде може да ѕирнеме во се’ она што прави и густира Аделина, а особено впечатливи и секогаш мартантни се нејзините модни избори на гардероба каде нема промашување, па од секое појавување таа изгледа како од престижен моден магазин.

„Некои денови чувството е поинакво“ додала во описот од најзината нова објава сочинета од галерија фотки од скорашното патување за мерак на душа, држење до животниот стил и  негување на хедонизмот.

Аделина домирира со мистика, женственост, сексапил и раскош во свилена кафена тоалета со впечатливо деколте, нагласувајќи ги слободните бујни гради делумно прекриени со детаљ во форма на цвет.

Провокативна и своја, Аделина едноставно е совршен модел кој перфектно умее да износи што и да облече. Оваа тоалета им го одзема здивот на нејзините следбеници кои и поделија комплименти дека изгледа како вистинска дива и е жена оган!

фото:Instagram printscreen/adelina_tahiri1

To top