Неа до скоро ја красеа епитети на дива, нескротлива, сензуална, впечатлива, секси, ексцентрична и со стил… И не дека сега не поседува многу од наведеното, но блиско упатените велат дека Луна сега е многу посмирена, покротка и покреативна. Дали со годините, искуството или новата љубов доаѓа промената – знае само таа самата!

Со неколку тетоважи на специфични места по телото, од кои најдоминантна онаа со двете црвени змии, испреплетени меѓу бујните природни гради таа и понатаму е се’, само обична – не.

Таква е и сега кога од својот албум „Атлас“ го најавува излегувањето на нејзината втора по ред песна насловена „5 минути“. нешто што е за сите вообичаено, само што кај неа е тотално необично, зашто Луна со една Инстаграм фотографија топлес ја најави новата песна, додека со рацете голите гради си ги прекрива!


За многумина шокантно, за повеќето возбудливо, иако за оние што подобро ја познаваат знаат дека разголувањето на младата, атрактивна, секси убавица не и е страно и непознато и од порано. Сепак, она што можеше да се види на нејзината „Only Fans“ страница која Луна своевремено ја беше отворила, беше малку поразлично и веројатно многу поексплицитно?

Во меѓувреме, топлес беше и нејзината поддршка за песната на Пајак „Допамин“ од неговиот исто така тазе излезен албум, на која Луна е автор на стиховите.

Само што лежечката топлес поза од плажа беше прекриена со сликичка од изведувачот, иако со помош на денешната технологија лесно се доаѓа и до оригиналот!

Инаку за тие што не знаат, Луна (која приватно е и инструкторка по скијање) која беше во љубовна врска со (т)раперот и продуцент Тракер, за кој велат дека е најзаслужен за развојот на нејзината музичка кариера.

Заедно ја имаат снимено и темата „Тоа што си ти“ и „Драма“, додека Луна се појави и како модел во спотот на Тракер за песната во дип хаус (deep house) стил – „Гас“.

Тракер пак, пред Луна беше во врска со нејзината конкурентка Дијана ОГ и веројатно оттаму нетрпеливоста помеѓу овие две (т)раперки е многу повеќе од само обична музичка конкуренција… Некои велат дека токму поради тоа, она што ќе го направи едната, истото се труди уште подобро да го направи и другата, па затоа Луна и тргнала по стапките на нејзината соперничка Дијана Оу-Џи кога се во прашање „Онли фанс“ страниците за возрасни на кои донеодамна обете беа присутни со своите „жешки“ видеа и фотографии“ ?!

Но, ако сте биле еден од нивните постетители, сигурно ги паметите и „жешките лезбо акции“ на Луна и првата Македонка со свој „Онли Фанс“ профил, стружанката Теодора Мартиновска, кои двете убавици ги рекламмираа дури и на своите Инстаграм страници!
Во очекување на новата песна на Луна, ако имате „5 минути“, застанете погледнете или ако веќе сте виделе потсетете се како изгледа слободна женска љубов, во врело издание која максимално ќе го задржи вашето внимание и повеќе од тоа…
Фото и видео: Инстаграм/lunna.wtf/itztteaa




