Познатиот македонски поп-пејач Мартинијан Кириловски и неговата долгогодишна партнерка Лара Денковиќ официјално ја прославија својата свршувачка, споделувајќи прекрасни моменти со јавноста кои ја потврдуваат нивната силна љубовна приказна.
Оваа голема прослава доаѓа како круна на нивната четиригодишна врска и по романтичното патување во Италија, каде што пејачот на филмски начин ја побара раката на својата избраничка во срцето на Рим.

Популарниот кумановски изведувач, кој ја освои публиката со својот моќен глас во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“, тогаш ја запроси Лара за време на интимна вечера со спектакуларен поглед кон осветлениот Колосеум.

По судбоносното „ДА“ во вечниот град, парот одлучи да направи и официјална забава за веридбата во родното Куманово.
Младите очигледно сакале сè да биде едноставно, искрено и исполнето со многу љубов.

Забавата помина во знакот на елеганцијата, каде што пејачот и неговата избраничка блеснаа во светли елегантни стилски изданија.

Преку заеднички мини-албум со фотографии на социјалните мрежи, младите вљубени ја опишаа оваа вечер како „првата прослава на нашето засекогаш“.
Насмевките, прегратките и поддршката од најблиските беа во центарот на вниманието, а честитките од колегите од естрадата и бројните обожаватели не престануваат да пристигнуваат.

Љубовната бајка на Лара и Мартинијан веќе го има и својот следен голем датум.

Имено, парот откри дека големата свадбена прослава е веќе закажана за 4 септември 2027 година.
фото:Instagram printscreen/ martinijankirilovski





