Македонската водителка Ирена Спировска го прослави својот 52-ри роденден, а како и секој претходно, изборот беше да биде на море.
Доказ за тоа се фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Фејсбук каде позираше во бикини пред морската шир.

-Добродојдовте 52 гордо истакнувајќи ја бројката од летата зад себе, самоувероно и смело чекорејќи удобна во својата кожа.

Таа еднаш напиша дека кога си роден во јуни, и кога си Рак во хороскоп, неизбежно е да го сакаш морето па затоа секоја година на нејзиниот посебен ден таа ужива на плажата, а и овој пат изборот падна на грчкиот остров Скијатос.
Кратките приказни на водителката за роденденскиот повод се наполнија со честитки од нејзините најблиски кои се редеа до недоглед.

Инаку, Ирена Спировска веќе долго време важи за една од најистакнатите, најпознатите, ама и најзгодните водителки.
Среќен роденден!
фото:Facebook/ Irena Spirovska




