Понекогаш една фотографија зборува повеќе од сто зборови, особено кога со себе носи дискретна и моќна порака за ново поглавје во животот.
Познатата македонска спортска новинарка и ТВ-водителка, Јана Серафимова, неодамна преку својот Инстаграм профил сподели моќен визуелен момент кој ја слави безвременската женска елеганција и софистицираност, ама и нешто друго и многу поважно…

На фотографијата направена пред огледало, Јана блеска во беспрекорна бела комбинација.
Зад оваа префинета естетска слика ѕиркаше нараснатото трудничко стомаче.
Оваа смирена и блескава енергија со која Јана зрачи во својот бел костим, најавува дека таа е повеќе од подготвена за најголемиот трансформирачки настан за секоја жена- мајчинството.
Јана и нејзиниот долгогодишен партнер Горан ја крунисаа својата љубов во јуни 2022 година, а следуваше и свадба. Оттогаш, парот успешно ги балансира јавните професионални ангажмани со зачувувањето на приватноста и семејниот мир, но со овој потег Јана сакаше да покаже дека убавото кое претстои, сакаат да го знаат сите.
фото: Instagram printscreen/janaserafimova





