Колумбиската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието поради својот љубовен живот.
Како што шпекулираат шпанските и латиноамериканските медиуми, пејачкака е наводно во сè поблизок однос со поранешниот НБА шампион Серж Ибака (37), кој е 12 години помлад од неа.
Гласините ги покрена шпанскиот папарацо Џорди Мартин, соработник на емисијата „El Gordo y la Flaca“, која се емитува на телевизијата „Univision“. Тој на 7 октомври во текот на програмата го спомена името на Ибака, тврдејќи дека заеднички познаник му ја потврдил приказната.
Мартин тврди дека Ибака присуствувал на неколку концерти на Шакира во Мадрид, каде што пејачката одржа низа настапи во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“. Според неговите наводи, нив двајца заедно со приватен авион отпатувале од Мадрид во Париз за време на Модната недела.
Шакира во Париз беше гостинка на модниот дизајнер Том Форд, но, како што наведува перуанскиот магазин „Caretas“, засега нема објавени докази дека Ибака патувал со неа.
Според тврдењата на Мартин, пејачката и кошаркарот дури сега се запознаваат, а нивниот однос сè уште не е дефиниран како љубовна врска.
Ниту Шакира ниту Ибака досега не се огласија јавно по овој повод, па приказната засега останува само во доменот на гласините.
Љубовниот живот на Шакира е предмет на постојани наоѓања откако во јуни 2022 година објави дека се разделува од поранешниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике. Медиумите во меѓувреме ја поврзуваа со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, и со кошаркарот Џими Батлер.
Серж Ибака е роден на 18 септември 1989 година во Бразавил, а има и шпанско државјанство. Во НБА лигата играше повеќе од една деценија, најдолго за Оклахома Сити Тандер, а во 2019 година ја освои титулата шампион со Торонто Репторс.
фото:Instagram printscreen/shakira







