Пејачката Ана Кокиќ, која со години е присутна на српската музичка сцена, наводно одлучи да направи голем пресврт во кариерата и да се посвети на работа која нема никаква врска со естрадата.
Наместо настапи и снимање нови песни, Ана, како што се наведува, го префрлила својот фокус на приватен бизнис. Во новиот потфат друштво ѝ прави нејзината родена сестра, која веќе се занимава со изработка на торти и колачи.
Според тврдењата на извори, на Кокиќ ѝ се допаднала оваа идеја и решила да се проба во нешто поинакво.
– На нејзината сестра одамна ѝ оди одлично со правењето торти и колачи, па Ана во еден момент пресече и одлучи и самата да тргне по тој пат. Очигледно ѝ се допадна идејата да се проба во нешто поинакво и да изгради работа која нема врска со естрадата – тврди изворот.
Кокиќ моментално не планира враќање на настапите, а тоа наводно го покажала и со тоа што одбила понуда за соработка. Иако добила покана повторно да запее пред публиката, Ана, според зборовите на изворот, не ја променила својата одлука.
– Таа сега е решена да се посвети на тоа и не размислува за враќање на сцената. Неодамна ја бараше еден бенд, сакаа да остварат соработка со неа и да настапува со нив, но таа го одби тоа. Нејзината одлука е цврста и моментално не ја занимираат ниту настапи, а камоли снимање нови песни – додава изворот за „Курир.рс“.
Ана Кокиќ првите музички чекори ги направи во групата „Енергија“, по што ја продолжи соло кариерата и на публиката ѝ се претстави со бројни песни кои станаа хитови. Во текот на кариерата беше во брак со некогашниот ватерполист Никола Раѓен, со кого има две ќерки, па во тој период семејството ѝ стана примарен фокус.
Сега, според наводите на изворите кои ги пренесува споменатиот медиум, Ана се свртува кон нов деловен предизвик и кон слаткарството, додека враќањето на музичката сцена, барем засега, наводно не ѝ е во план.
фото: Instagram printscreen/anakokicmusic







