Радио Милева

Екс- менаџерот конечно ја прекина тишината и проговори за крајот со Јелена Карлеуша: „Ми направи нешто страшно и засекогаш го избришав од животот“

Екс- менаџерот конечно ја прекина тишината и проговори за крајот со Јелена Карлеуша:  „Ми направи нешто страшно и засекогаш го избришав од животот“

Повеќе од една деценија беа неразделни соработници, десна рака еден на друг и најблиски пријатели кои поминуваа низ најтешките животни и естрадни битки, но односот меѓу поп-дивата Јелена Карлеуша и нејзиниот долгогодишен менаџер Зоран Бирташевиќ заврши со драматичен распад.

Додека пејачката претходно во неколку наврати јавно ја коментираше нивната динамична и бурна релација, истакнувајќи дека често се карале „на крв и нож“, Бирташевиќ цело време мудро молчеше за вистинските причини за разделбата.

Сега, по жестоките прозивки и меѓусебните обвинувања на социјалните мрежи, тој за првпат отворено проговори за крахот на нивното пријателство, нагласувајќи дека Јелена му направила нешто навистина страшно преку кое не можел да помине, поради што донел конечна одлука засекогаш да го прекине секој контакт и да ја избрише од својот живот.

„Ставив точка на нашиот однос уште во август, иако потоа се појавив на роденденот на нејзините ќерки за кои сум врзан со години. Дознав нешто доволно страшно за Јелена за засекогаш да ставам точка и да ја избришам од мојот живот. Добивам и закани за да молчам, но не од неа, туку нејзиниот сегашен дечко Александар Шева му пишува заканувачки пораки на мојот другар Златан дека некој физички ќе ми наштети“, порача Бирташевиќ за време на разговорот во живо со Боки13, отворајќи сосема нова димензија на овој естраден скандал.

фото:You tube printscreen/Srbija Danas/Facebook/Jelena Karleuša

To top