Мегафон концерт на Антички

Сергеј Ќетковиќ најавува вечер за љубов, музика и спомени што остануваат

Сергеј Ќетковиќ најавува вечер за љубов, музика и спомени што остануваат

Постојат концерти што се слушаат, а постојат и концерти што се чувствуваат. Токму еден таков ја очекува охридската публика на 9 август 2026 година, кога Сергеј Ќетковиќ како дел од актуелната турнеја насловена Live Tour 2026, повторно ќе застане на сцената на Античкиот театар во Охрид.

Во еден од највпечатливите амбиенти на Балканот, меѓу древните камени ѕидини и погледот кон Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност уште еднаш да доживее концерт исполнет со емоции, искреност и музика која допира до срцето.

По настапот што минатата година остави силен белег кај охриѓани и бројните посетители од регионот, Ќетковиќ се враќа на местото каде што музиката и емоциите природно се спојуваат во едно.

Охрид има посебна душа. Секогаш кога настапувам тука чувствувам дека пеам пред пријатели, а не пред публика. Античкиот театар е приказна сам по себе, место кое носи историја, емоција и некаква посебна магија. Со нетрпение ја очекувам нашата повторна средба“, вели Сергеј.

Во организација на Евентум продукција, концертот ќе биде дел од летото кое и годинава носи врвни музички настани во Охрид. Публиката може да очекува вечер исполнета со најубавите љубовни песни, топла атмосфера и онаа препознатлива блискост што Сергеј ја создава на секој свој настап.

На 9 август, Античкиот театар повторно ќе биде место каде што илјадници гласови ќе пеат во еден, а музиката ќе биде повод за нови спомени, нови емоции и уште една незаборавна летна ноќ.

Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на e-ticket.mk.

To top