Мегафон концертниот караван пристигнува во Тетово

Бојана подготвена за дружба со тетовската публика, до концертот се бројат денови

Бојана подготвена за дружба со тетовската публика, до концертот се бројат денови

По незаборавните музички вечери во Скопје и Штип, Бојана Скендеровски го продолжува концертниот караван и пристигнува во Тетово. На 22 мај, со почеток од 20 часот, сцената на Домот на културата „Иљо Антевски Смок“ ќе биде местото каде емоциите ќе пеат најгласно, под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“.

Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со музика, искрени емоции и песни што оставиле белег низ годините. Бојана подготвува концерт кој нема да биде само музички настап, туку блиска средба со публиката, вечер во која секоја песна носи своја приказна, а секој аплауз станува дел од едно заедничко доживување.

После прекрасните дружби со публиката во Скопје и Штип, едвај чекам да запеам и со тетовската публика. Секој концерт носи посебна енергија, а верувам дека во Тетово нè очекува вечер исполнета со многу емоции, љубов и музика што долго ќе се памети“, вели Бојана.

Ова е трет концерт по ред во концертната серија на Бојана Скендеровски, која со секој нов настап потврдува дека вистинската музика најсилно се чувствува кога се споделува со публиката.

Картите по цена од 400 денари се достапни во Гранд Тобако – ТП Тетово. Бројот на места е ограничен.

 

To top