Мегафон повеќе од само обична плоча...

,,Игри без граници“ – последниот албум на Тоше Проески за прв пат и на винил

,,Игри без граници“ – последниот албум  на Тоше Проески за прв пат и на винил

Музичкото наследство на Тоше Проески добива нова форма на грамофонска плоча. Албумот „Игри без граници“ за првпат се објавува на винил, овозможувајќи ѝ на публиката да го слушне неговиот глас во врвен аудио квалитет. Винилот веќе е во претпродажба – ексклузивно на duris.shop во ограничен тираж.

 

Проектот беше издаден во август 2007 година на македонски и српски јазик, само два месеци пред неговото прерано заминување. Се снимаше во престижни студија низ регионот. На албумот се наоѓаат песните, страна А: „Душа остана“„Никој како тебе не бакнува“,  „Боже, чувај ја од зло“„ Месечина“„Игри без граници“. На страна Б: „Среќна ли си ти“„Најдрага моја“„Јас не сум виновен“„Цреша“„Срце није камен“. Издавач е „Енџел мјузик“, винил ре-мастерингот е на Кокан Димушевски. Мастеринг и печатење Винил-Сони ДАДЦ Австрија. Објавувањето на овој албум на винил претставува чин на зачувување на македонското културно наследство. Во дигиталната ера, грамофонската плоча нуди трајност и автентична топлина на аналогниот звук.

„Игри без граници“ на винил останува документ за времето кога македонската музика го достигна својот врв преку уникатниот вокал на Тоше Проески Ова е навистина момент за македонската музичка историја. Објавувањето на „Игри без граници“ на винил не е само реиздание, туку и емотивно патување назад кон звукот на ангелот што прерано нè напушти.

To top