Во продукција на Театар Чекори, во Лабораториум, на 20.4.2026та (понеделник), од 20ч, ќе се изведе претставата „Ехо на заборавот”
Кратка содржина: Модерна трагедија, психолошка драма, што ја истражува темата на машкото менталното здравје, сексуалниот идентитет и општествената стигма преку приказната на млад маж што живее со шизофренија.
Препорачана за публика на возраст над 16 години.
Предупредување за публика: Во претставата се користат трепкачки светла. Се обработуваат теми на: семејно насилство, сексуален идентитет, употреба на супстанци, груб јазик и ментално здравје кои можат да бидат вознемирувачки.
Во соработка со Егал, ќе бидат поделени едукативни материјали за споменатите теми.
Влезници може да се набават на шанкот во Лаб, по цена од 400 денари.
Резервации во порака на социјалните мрежи на Театар Чекори или на бројот 078418180
Автор на текстот е Ирем Генишел Бешкоска, а во режија и драматизација на Маја Ѓурчевска.
Играат:
Михаил Митевски
Иван Делиманов
Јована Гаврилоска
Никола Кузманоски
Никола Димевски
Маја Ѓурчевска
Петар Мароски
Авторска музика: Валентин Видовиќ
Тон мајстор: Петар Мароски
Светло: Никола Димевски
Плакат: Љубица Делиманова/Театар Чекори






