Македонскиот метал бенд Conspiracy има можност да настапи на еден од најголемите метал фестивали во светот – Wacken Open Air во Германија. За да ја добијат оваа шанса, на бендот му е потребна поддршка од публиката во рамки на гласањето за Wacken Metal Battle – Balkan Regions.
Од бендот ги повикаа фановите и љубителите на метал музиката да помогнат со едноставен чекор – да ја заследат страницата Wacken Metal Battle – Balkan Regions, да го отворат линкот со гласањето и во коментар само да го напишат бројот „54“, кој е редниот број под кој на Conspiracy се пријавени во натпреварот. Значи не името на бендот, туку само 54.
„Секоја поддршка значи многу и може да ни помогне да ја донесеме македонската метал сцена на еден од најголемите светски фестивали“, порачаа од бендот.
Wacken Open Air е еден од најпознатите метал фестивали во светот, кој секоја година собира десетици илјади љубители на тешката музика од целиот свет. Настап на оваа сцена претставува големо признание и можност за меѓународна промоција на бендовите.
Фановите што сакаат да помогнат во поддршката на Conspiracy треба да го следат профилот Wacken Metal Battle – Balkan Regions, да го отворат објавениот линк и во коментар да напишат „54“.








