Пијанистот Дино Имери санота (11 мај) од 12 часот ќе одржи концерт во Градски парк во Скопје на „Школка“, при што ќе свири дела од полскиот композитор Фредерик Шопен. Настанот е организиран од Амбасадата на Полска по повод Денот на уставот. Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од Шопен.
„Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање концерти на отворено како во Полска, близу Варшава, кај споменикот на Шопен и неговото родно место, на кои свират познати светски пијанисти“, велат организаторите.