Телото на Панчо ќе биде изложено во црквата Св. Илија во Аеродром, каде што сите роднини и пријатели, ќе можат за последен пат да се поздрават и да се збогуваат со него.
Сопругата Маја и блиските пријатели преку социјалните мрежи споделија информација дека погребот на починатиот музичар ќе се одржи денес (16.10) на гробиштата – Бутел.
„Последен поздрав!
На ден 16.10.2025 г., неговите ближни, роднини и пријатели, ќе можат молитвено да се збогуваат со Владимир Блажев – Панчо.
Телото ќе биде изложено во црквата Св. Илија – Аеродром.
Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, со Заупокоена литургија. Сочувство ќе може да се изрази во периодот 10 до 12 часот, а Опелото ќе започне во 12 часот.
Погребот, ќе биде на гробиштата во Бутел, во 13:30 часот.








