Икс- Фактор попбедникот и нашиот поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, минатата недела правеше мала свадбена веселба откако минатата година склучија граѓански брак со сопругата Марина.
Иако откако се ожени по вторпат и стана татко на второ синче, Даниел стана потранпарентен пред јавноста и медиумите, но овој пат за свадбената веселба не сакаше да открива ништо.
Тоа за него го направи колегата и пријател, Маид Хечимовиќ кој објави фотографија од веселбата.
Од младоженецот не се појави ниедна нова фотка од убавиот ден, но затоа тој објави само еден детаљ кој откри многу повеќе од тоа.
Имено, Даниел на своите стори ја покажа свадбената торта на која на вврот стојат фигури од невеста и младоженец, а на дното од декорацијата стои фигура од мало детнце симболизирајќи со синчето Стефан, од спротива и нивното милениче, црниот кокер, а најзабележлив е уште еден детаљ, односно фигура од бебешка розова количка која недно го најавува доаѓањето на уште едно бебе – овој пат женско!
Очигледно пејачот и неговата сопруга не чекале многу за проширување на семејството, бидејќио малиот Стефан до добија пред една година.
Како сега, така и тогаш невестата беше во блажена состојба со сега веќе потпораснатото бебенце кое за некој несец ќа стане поголем бато.
View this post on Instagram
Инаку, Даниел од првиот брак со моделот, мисица и пејачка Кристина Димитриевска го има седумгодишниот Давид.
Честитки и нека е со лесно!
фото: Instagram printscreen/ maidhecimovic/ daniel_kajmakoski