Мегафон рок спектакл под ѕвездите

„Меморија“ вечерва, сабота 1-ви јуни 2024 со голем концерт под отворено небо во „Дом на млади“ во Штип

„Меморија“ вечерва, сабота 1-ви јуни 2024 со голем концерт под отворено небо во „Дом на млади“ во Штип

Култната македонска поп-рок група „Меморија“ со рефрен медли од најубавите патриотски – „Македонски бисери“ вечерва, 1-ви јуни 2024 (сабота)  ќе го отвори големот концерт под отворено небо во „Домот на млади“ во Штип од 19.30 часот.

Ова го обзнани и најави лидерот на бендот, Петар Георгиевски Камиказа на својот Фејсбук уште пред неколку дена, повикувајќи ја уште отсега публиката од самиот старт да запее со групата во еден глас.

„За сите што ќе бидат на штипскиот концерт на 1-ви јуни, да знаете дека ова ќе биде песната што ќе го отвори концерт. Да ја отпееме сите во еден глас.Концертот ќе се снима со 11 камери и со најдоброто озвучување на Балканот: “Meyer sound”. Споделете со сите што знаете дека ќе бидат на концертот. Да направиме концертна снимка за паметење“ – порача Камиказа.

Покрај новите две песни, публиката ќе може да види и слушне како звучи „Меморија“ во својата нова постава , која како и новите песни ќе имаат „музичко концертно крштевање“ оваа сабота,  01. јуни на прекрасно реновираната летна сцена во култниот „Дом на млади“ во Штип. На концертот како специјален гостин ќе се појави легендарниот штипјанец, познатиот македонски пејач Трајче Манев кој остави траен печат со своите изведби на фестивалот  на забавни мелодии „Макфест“.

Информициите велат дека сите билети се речиси веќе распродадени и се очекува вистински рок спетакл под ѕвездите. Затоа оние што се’ уште не набавиле влезници тоа можат да го сторат во самиот „Дом на Млади“ – Штип,  или на означените продажни места низ Штип и онлајн на: tickets.domnamladi.mk.

 

 

To top