Радио Милева урнебесно

Како добро вино или тотален пресврт?! Погледнете ја трансформацијата на Миа Костова за која коментираат сите

Како добро вино или тотален пресврт?! Погледнете ја трансформацијата на Миа Костова за која коментираат сите

Македонската инфлуенсерка и ТВ-лице Миа Костова е добро позната по својот остар јазик, брутална искреност и смисла за хумор со која редовно ги руши сите стереотипи на социјалните мрежи.

Овој пат, таа реши на крајно досетлив и урнебесен начин да им одговори на сите оние кои постојано ги бројат туѓите години и коментираат за стареењето, правејќи споредба на својот изглед од пред две децении и денес.

На првата фотографија, Миа позира во својот препознатлив, ултра модерен и гламурозен стил – со совршена руса коса со волумен, црно сако со златен брош, црни очила за сонце и длабоко деколте на кое доминира нејзината тетоважа со полумесечина. На овој кадар таа го испиша добро познатиот коментар со кој често се соочуваат жените:

„Во 40-тите си и никогаш нема да изгледаш како да имаш 20 години“.

И токму кога по прочитаното си рековте „Ахх, да!“ – Миа приреди тотален пресврт од следната фотографија.

Вистинскиот шоу-програм и лавина од смеа настанаа кога следбениците „лизнаа“ на втората фотографија. На неа е прикажана Миа од пред дваесетина години, во сосема поинакво, носталгично издание од двеилјадитите – со долга кафеава коса, тенки искубани веѓи, црн топ и ноќен клубски амбиент во позадина. Под оваа архивска фотка, со својата препознатлива самоиронија, Миа само кратко и моќно поентираше со зборовите: „THANK GOD“ или во превод- Фала му на Бога, ама и со едно главно дополнување:

-Пресимпатичен тренд 🙂 Да се разбереме, сѐ во свое време ама стареењето кај жената може да донесе многу промени. Ако сте злобни , обично промената е лоша

Со овој потег, таа уште еднаш им одржа лекција на сите дека зрелоста, искуството и личниот стил со текот на годините носат многу подобра верзија од себеси. Миа докажа дека вистинската самодоверба не лежи во враќањето на стрелките на часовникот наназад, туку во способноста да се насмееш на сопственото минато и гордо да блескаш во сегашноста – поубава и помоќна од кога било.

фото: Instagram printscreen/miandrija

To top