Радио Милева немарност...

Игор Филевски – Филе за малку ќе завршеше фатално: Некогашниот ТВ водител за среќа преживеа, но за жал мораа да му бидат ампутирани прстите од ногата

Игор Филевски – Филе за малку ќе завршеше фатално: Некогашниот ТВ водител за среќа преживеа, но за жал мораа да му бидат ампутирани прстите од ногата

Дете на новинарската школа на МТВ, некогашен новинар и ТВ водител, бездруго впечатлив ТВ лик кој иако со години не е пред камерите, оние што го гледале се’ уште го паметат.

Игор Филевски – Филе или по насловот на последниот и веројатно највпечатлив проект, попознат како „Филе – Топки“ оддамна не  е ниту на ТВ, а ниту во Македонија, која пред десеттина години ја напушти барајќи ја среќата и парчето леб, по белиот свет.

Замина, но како и на секој вистински Македонец срцето и душата му останаа во Македонија, која секогаш кога може ја посетува, зашто само едно место на светот се вика – „татковина“… и дом.

Барселона и Аргентина, исто така никогаш не ги напушти… Се разбира само како нивен „најверен“ навивач, на славниот шпански или поточно каталонски клуб и големата јужноамериканска колевка на фудбалот, по кои верувале или не, им ги даде и имињата на своите деца: ќерката од првиот брак која  се вика Аргентина и синчето од вториот, кој го доби името Лео, по фудбалскиот волшебник, Лео Меси.

Неговото последно упориште „ветениот остров“ – Малта, каде Филе последниве години ( од 2015 г.) е стациониран и живее со својата втора сопруга Весна и малиот Лео! Редовен на социјалните мрежи, постојано известува, коментира, дебатира, споделува фотографии, изјави, мисли и цитати, бунтовен и праведен како и секогаш…

Така беше и овој пат, само што неговата последна објава на Фејсбук за жал, загрижи многумина, зашто Филе ја споделил од болница. Легнат во болничка постела, со завиткана во завои нога,  ги остави во грижи и недоумица сите што го познаваат.

Една мала негрижа за малку што не го чинеше живот… Филе за малку што не завршил фатално, доаѓајќи на работ на смртта. За среќа, некогашниот ТВ водител  преживеа, но за жал, мораа да му бидат ампутирани прстите од ногата…

Со надеж дека тука се’ ќе се заврши, Филе  од болничката постела со страв ги очекува следните 24 часа и стрепи случајно ситуацијата, не дај Боже да не се искомплицира…
До тогаш еве ја неговата објава на личниот Фејсбук профил на кој некогашното харизматично ТВ лице ја раскажаува својата приказна и актуелната состојба.

Фото: Фејсбук/Filevski Igor

 

To top