Водителката Сања Маринковиќ во новото издание на емисијата „Магазин ИН“ ги угостила познатите меѓу кои и Гоца Божиновска.
Во студиото им се придружила и ќерката на Гоца, Јелена Вучковиќ, која искрено зборувала за својот развод. Таа откри шокантни детали за крајот на десетгодишната љубовна врска и признала дека одлучила да стави крај кога дознала дека партнерот ја изневерувал веќе две години.

– Човек навистина разубавува кога ќе се разведе, тогаш сè почнува – рече Јелена.
– Таа е на татко ѝ. Раде добро се држи, тоа го наследила од него – рече Гоца.
– Бев во брак 10 години. Мајка ми секогаш беше покрај мене и кога бев во врска и кога стапив во брак, но јас не ја слушав. Мислев дека сум најпаметна, но длабоко во себе знаев дека таа е во право и дека секогаш однапред ги насетува работите. Таа е моја мајка – раскажувала Јелена.
– Јас ѝ велев навреме да внимава, бидејќи јас забележував работи, а таа не ги забележуваше. Чувствував дека тој ја сака, но потоа забележав промени, а таа ми велеше дека имам теории на заговор. Работите не беа нормални. Таа знаеше, а подоцна ми призна дека од страв не смеела да ми каже. Доколку ми кажеше сè, ќе ѝ речев да издржи ако го сака, бидејќи не можам на сила да ја фатам за рака и да ја одведам – раскажала Гоца Божиновска.

– Ги препознаваме игрите, но се надеваме дека работите ќе се променат, а потоа минуваат денови и години – рекла Јелена.
– Кога имаш што да губиш, остануваш во бракот. Јелена имаше песни и хитови, токму почна да напредува во кариерата, а тој се појави како нејзин менаџер. Следуваше настап по настап. Таа немаше ниту паричник. Кога ќе тргневме да купиме цигари, ќе ми речеше: „Почекај да земам“. Јас се прашував дали ќе доживеам таа сама да го земе својот паричник и да тргне, бидејќи работеше и се преморуваше од работа – продолжила Гоца.
– Заминав кога се случи предавството и неверството, а тоа е нешто што најмногу го мразам. Тие се дружеле, а тоа сигурно траело две години. Поаѓав од себе, бидејќи и јас имам машки пријател, па мислев дека и мојот партнер може да има пријателка. Мојот сегашен партнер сега минува низ вистински пекол, бидејќи сето тоа го преживува заедно со мене – додала Јелена.
– Свекорот и свекрвата ѝ рекле да ја напушти куќата бидејќи повеќе не била добредојдена. Тоа многу ме повреди, бидејќи јас го чувствував тоа и ѝ велев да се подготви за такво сценарио. Ѝ зборував дека тој веќе не е истиот човек, а таа едвај чекаше да ми го види грбот. Секогаш ми велеше да преспијам кај нив бидејќи живеат во Ваљево, но во последно време се молеше што побрзо да си заминам, за да не забележам нешто. Го сакав и него, но никогаш не можев да помислам дека ќе ме изневери и мене – рекла Гоца.






