Живот и стил

Денес готвиме: Сибирски колач – неодоливо вкусен со ореви, џем и чоколадна глазура (видео)

Денес готвиме: Сибирски колач – неодоливо вкусен со ореви, џем и чоколадна глазура (видео)

Состојки

За корите:
– 600 г брашно
– 1/2 кесичка прашок за печиво
– 175 г шеќер
– 125 г путер
– 175–200 мл кисела павлака
– 2 јајца
– 1 лажица какао
– 1 лажица кисела павлака (за темната кора)
– 225–250 г џем по избор
– 210 г сечкани ореви

За кремот:
– 750 мл млеко
– 2 кесички ванилин шеќер
– 5 лажици шеќер
– 6 лажици пченкарен скроб (густин)
– 200 г путер

За чоколадната глазура:
– 175 г чоколадо
– 3 лажици масло

Подготовка:
1. Подготовка на корите

Измешај ги брашното, прашокот за печиво и шеќерот. Додај ги путерот, јајцата и киселата павлака. Замеси меко тесто.

Подели го тестото на три еднакви дела. Во едниот дел додај какао и една лажица кисела павлака.

2. Печење на корите

Секоја кора развлечи ја во големина на тавата 25 × 35 см. Печи ги во загреана рерна на 180°C околу 10–12 минути, односно додека благо заруменат.

3. Подготовка на кремот

Одвој малку млеко и во него измешај ги густинот и шеќерот. Остатокот од млекото стави го да зоврие со ванилиниот шеќер.

Додај ја смесата со густин и мешај додека кремот се згусне. Остави да се излади.

Посебно измати го путерот и постепено додавај од изладениот крем, додека добиеш мазна и воздушеста смеса.

4. Филување
– Првата кора премачкај ја со џем и посипи со сечкани ореви.
– Нанеси дел од кремот.
– Стави ја втората кора и повторно премачкај со џем, ореви и крем.
– Заврши со третата кора и остатокот од кремот.

5. Чоколадна глазура

Растопи го чоколадото со маслото на пареа или на тивок оган. Прелиј го колачот одозгора.

 

фото:Printscreen / Youtube / Radine Poslastice

To top