Радио Милева покрај музичката кариера

Образованието на Катарина Грујиќ ги изненади сите: Има диплома на која многумина би ѝ позавиделе

Образованието на Катарина Грујиќ ги изненади сите: Има диплома на која многумина би ѝ позавиделе

Пејачката Катарина Грујиќ со години ужива во хармоничен брак со фудбалерот Марко Гобељиќ, со кого ја има ќерката Катја.

Паралелно со музичката кариера, Катарина успеала да го заврши и факултетот. Во една прилика открила дека дипломирала на Факултетот за медиуми и комуникации при приватен факултет.

Како што вели, дипломата досега не ѝ била потребна за работата со која се занимава, но свесна дека сè може да има свој крај, одлучила да се обезбеди со високо образование.

Катарина Грујиќ никогаш не криела колку е приврзана за семејството. Особено е блиска со својот татко, кој во текот на нејзината кариера ѝ бил најголема поддршка.

– Членовите на моето семејство не се јавни личности и кога некој ќе ги допре мајка ми, сестра ми, татко ми, како и Марко и ќерка ми Катја, тоа ме повредува. Дозволив да се пишува за нив, но тие ниту се должни ниту се виновни да трпат лошо претставување. На сето тоа веќе се навикнав и не живеам повеќе од медиумските написи. Тоа не ми е важно откако имам дете. Целосно го променив начинот на размислување – истакнала Катарина во една прилика.

Да потсетиме, Катарина Грујиќ неодамна го прославила својот 34. роденден, но и промоцијата на новите песни, поради што организирала гламурозна прослава за која долго ќе се зборува.

Позната по одличните односи со колегите од естрадата, Каќа собрала голем број пријатели, соработници и јавни личности, кои меѓу првите пристигнале за да ѝ го честитаат роденденот и да ѝ дадат поддршка во важната вечер за нејзината кариера.

Пејачката, која на 23 октомври ќе одржи концерт во салата „МТС“ во Белград, не штедела кога станува збор за декорацијата и атмосферата.

Елегантниот амбиент на ресторанот бил украсен со раскошни бели цвеќиња и софистицирани детали, кои совршено се вклопувале со дрвениот ентериер. Секој дел од вечерта бил внимателно осмислен, па гостите уживале во богат избор на специјалитети од интернационалната кујна и луксузната атмосфера.

Пејачката вложувала и во недвижности, па веќе извесно време заедно со сопругот успешно издава две луксузни куќи во Колашин, Црна Гора.

foto: printscreen/instagram/katarinagrujic.doll

To top