Огњен Амиџиќ ужива во љубовта со својата партнерка Мина Наумовиќ, со која има две деца. Водителот и неговата избраничка, откако одлучилја да го поминат животот заедно, купија стан на Дорќол, кој го реновираа и го уредија во луксузен стил. Според пишувањата во медиумите, само реновирањето на станот ги чинело 100.000 евра.

Мина често се огласува од нивниот дом и го покажува ентериерот на станот, кој, како што може да се забележи, е уреден според најновите модни трендови.

Особено внимание привлече спалната соба, од која преку стаклен ѕид директно се влегува во модерната бања во топли тонови. Наместо туш-кабина, сопружниците се одлучиле за када.

Освен тоа, Амиџиќ се погрижил да ѝ исполни една голема желба на Мина, па ѝ направил простран гардеробер во комбинација од стакло и дрво, кој е едно од нејзините омилени катчиња во станот.
Во дневната соба и трпезаријата доминираат светлите и земјените тонови.

За сè било внимателно водено сметка. Во центарот на дневната соба се наоѓа голема беж гарнитура, дополнета со внимателно избрани детали. Мина во една прилика го овековечила и опуштениот момент кога Огњен игра видеоигри покрај бебето во количка.
– Време е за топла бања и Нетфликс. Имате ли предлог за некоја добра серија? – напишала Мина покрај фотографијата од бањата и спалната соба.
Покрај фотографијата од Амиџиќ во дневната соба, таа кратко порачала:
– Ниту едно место не е како домот.





