Јелена Карлеуша и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ повторно се следат на социјалната мрежа Инстаграм.
Поранешните сопружници, се чини, и понатаму се во одлични односи, а нивниот потег на социјалните мрежи веднаш привлече внимание. Иако нивниот однос со години беше исполнет со турбуленции, изгледа дека во последно време работите тргнале на подобро.

Се шпекулираше дека поранешните сопружници ги надминале несогласувањата за време на семејните собири и роденденските прослави, а овој потег на социјалните мрежи би можел да биде уште еден показател дека одлучиле засекогаш да ги закопаат воените секири.
Сепак, особено внимание привлекува фактот што сето ова се случува во период кога Јелена е среќна во љубовта со 25 години помладиот Александар Шево.
Како што и самата неодамна истакна, Душко и Шево сè уште немале можност да се запознаат.
– Александар и Душко не се запознале, но мислам дека одлично ќе се согласуваат кога ќе се запознаат – рекла Карлеуша.
Да потсетиме, Јелена по гала роденденската прослава на своите ќерки Атина и Ника Тошиќ зборуваше за односот со поранешниот сопруг и откри колку им значи на нивните ќерки кога ги гледаат заедно, насмеани и расположени.
Како што истакнала, нивните погледи и насмевки додека родителите разговараат јасно покажуваат колку им се важни блискоста и чувството на семејство.

– Ним многу им значи што мама и тато се заедно. Душко и јас покажавме добра волја и треба да имаме прекрасни односи поради нив. Тоа им значи многу, навистина многу. Да видите само како Ника и Атина нè гледаат додека јас и Душко разговараме. Тој поглед кажува сè. Ним им недостига семејството, мама и тато, да одиме заедно на ручек, да седиме и да разговараме. Многу се горди и имаат посебен поглед и насмевка кога ние двајца разговараме – рекла поп-ѕвездата за тамошните медиуми.
foto: printscreen/instagram/mega.zvezda.jk





