Пејачот Драган Којиќ Кеба подготвува спектакуларна прослава за својот син Игор Којиќ, а според наводите од блиското опкружување, за свадбената веселба ќе бидат издвоени дури 200.000 евра.
Посебно внимание привлекува венчаницата во која ќе заблеска избраничката на Игор. За оваа креација предвиден е износ од околу 30.000 евра, што претставува еден од најскапите детали на целата церемонија.
Кога станува збор за гастрономската понуда, семејството Којиќ не планира компромиси. На менито ќе се најдат јадења подготвени по принципот „а ла карт“ (избор од мени), со посебен акцент на врвниот квалитет и начинот на послужување.

Организацијата е осмислена до најситните детали за свечената сала да ги остави без здив сите присутни. Планирани се елегантни и раскошни цветни аранжмани кои ќе придонесат за гламурозната атмосфера.
Значаен дел од буџетот е наменет за музика. Како уметник со повеќедецениска кариера на сцената, Кеба инсистира атмосферата да биде на завидно ниво и неговиот син да го памети овој ден во текот на целиот живот. Во рамките на подготовките за венчавката на синот и бремената снаа, Кеба претходно порача:
„Свадбата ќе биде в година, ќе пее Цеца“.

Да потсетиме, Игор Којиќ неодамна се појави за првпат во јавноста со својата бремена сопруга, убава бринета чиј труднички стомак јасно се наѕираше во елегантен бел фустан.
– Вистина е, ви благодарам на честитките, фала му на Бога сè е како што треба – ни изјави Игор кога се дозна дека ќе стане татко, а неговиот татко беше изненаден.
– Ова мора да е скриена камера! Но, ако е вистина, нема кантар што може да ја измери мојата среќа и радост! Игор го немам видено петнаесет дена. Ако е точно тоа што го велите, никој на светот не е посреќен од мене – изјави тогаш возбудениот пејач.
фото:Instagram printscreen/dragankojickeba/igorkojic







